Претседателот на Франција, Емануел Макрон и понатуму има одредени симптоми карактеристични за ковид-19, но неговата состојба е стабилна, изјави портпаролот на Владата, Габриел Атал.
43-годишниот Макрон на 17 декември објави дека е позитивен на новиот коронавирус и оттогаш е во самоизолација во претседателската вила.
Тој ги извршува должностите преку видео врска.