Макрон: Франција е на почеток од кризата предизвикана од Ковид-19

Франција е на почеток од кризата предизвикана од новиот коронавирус и е во трка за запирање на неговото ширење, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

– Ние сме на почетокот од оваа криза. Презедовме исклучителни мерки за да го апсорбираме овој прв бран, но влеговме во трка против вирусот, изјави Макрон на почетокот на кризниот состанок во Министерството за внатрешни работи.

Тој додаде дека мора да се реагира сеопфатно.

– Мораме да ги предвидуваме работите кои ќе се случуваат, посочи Макрон.