Макрон ги собира европските челници во пресрет на самитот на Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон најави во четвртокот состанокот со челниците на германската, италијанската и британската влада, како и со на Европската унија, во пресрет на самитот Г7 коишто треба да се одржи во петокот за да го зајакне „европскиот сојуз“ пред политиките на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Го свикувам состанокот на европските челници, германската канцеларка Ангела Меркел, британската премиерка Тереза Меј и новиот италијански премиер Џузепе Конте во петок во 10.30 часот во Ла Малеи (Квебек), каде што се одржува состанокот на Г7. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, исто така, ќе учествуваат на таа средба“, изјави Макрон.

Ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп за иранската нуклеарна програма и за климата, како и неговата одлука да воведе царини на увозот на челикот и алуминиумот од европските земји претставува „подлога за обнова Европа“, искана Макрон пред група француски новинари.

Францускиот претседател кој стаса во Монтреал од Отава каде што се сретна со канадскиот премиер Џастин Трудо, треба во четвртокот квечерината да пристигне во Ла Малбе каде што во петокот и саботата ќе се одржи самитот претседатели на држави и влади на седумте најразвиени земји во светот. Тој самит на којшто на виделина може да избијат разидувањата на повеќето земји со САД „во најмала рака ќе ја зацврсти слогата меѓу шестемина“, оцени Макрон алудирајќи на четирите европски земји, Канада и Јапонија. Според него, самитот во Ла Малбе ќе „овозможи воспоставување поширок сојуз за да не дојде до дестабилизирање на светот“.