Францускиот претседател Емануел Макрон го именуваше во петокот Жан Кастекс, висок функционер задолжен за стратегијата за излегување на земјата од карантинот воведен поради пандемијата од коронавирусот, за нов премиер во најавената реконструкцја на неговиот министерски кабинет.
„Претседателот на Републиката, Емануел Макрон, го назначи Жан Кастекс за пемеир и му наложи да формира влада“, се наведува во соопштението на Елисејскиот дворед кој неколку часа претходно објави дека е прифатена оставката на досегашниот пемиер Едуар Филип кој во неделата повторно стана градоначалник на западниот пристанишен град Ле Авр.
Макрон уште кон средината на јуни објави дека сака да го реформира својот министерски кабинет во пресрет на последните дваесетина месеци од својот претседателски мандат. Кога во Франција се врши реконструкција на владата, премиерот вообичаено поднесува оставка пред новите именувања.
Мактон се реши за промени откако неговата центристичка партија Републиката во движење (LREM) оствари слаб резултат на недомна одржаните локални и општински избори. На изборите зајакнаа зелените, крајната десница повторно оствари добар резултат, а се покажа дека Макрон сѐ потешко ги привлекува левите гласачи. Се покажа дека единствената светла точка на овие избори беше победата токму на Филип. Макрон сака да се репозиционира на 21 месец пред новите парламентарни избори.
Жан Кастекс, кој во јуни наполни 55 години, беше во центарот на вниманието на аналитичарите уште пролетва, кога Макрон му наложи да го подготви државниот план за излегување од карантинот. Една година претходно тој беше назначен за претседател на Националната агенција за спорт и главно беше насочен на подготовката за Олимпијадата во 2024 година во Париз.