Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон и уште четири членки на Европската унија упатиле писмо до претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лајен со барање ЕУ да се подготви за вториот бран на пандемија од коронавирус, пренесува агенцијата Анса.
Во писмото на челниците пишува: “Се надеваме дека ова писмо ќе послужи како инспирација за идни планови на европско ниво за тоа како да организира подготвеноста на ЕУ за идната пандемија“.
Во писмото се наведува дека е хаотичен одговорот на пандемија на коронавирус кој е во тек и од која починале 184.256 луѓе, со што го “иницирале прашањето“ за потреба од подготовка на ЕУ за ваква несреќа и ја нагласува потребата за заеднички европски пристап, со обзир на можен втор бран на зараза од ковид -19.
Merkel e Macron alla Ue: "Prepariamoci alla prossima pandemia" – Being vigilant always pays even when back on the road to normality https://t.co/Ut3mTKqMs5
— Leo Brincat (@LeoBrincat) June 10, 2020