Макрон на списокот потенцијални цели на шпионскиот софтвер

Телефонските броеви на францускиот претседател Емануел Макрон и челновите на неговата влада се наоѓаат на списокот на потенцијалните цел на софтверот „Pegasus“ (Пегаз), кои некои држави го користеле за шпионирање, изјави во вторникот Лорент Ришар, директорот на организацијата Forbidden Stories, потврдувајќи ги написот на парискиот дневен весник Le Monde.

Според истрагата којашто во неделата ја објави конзорциумот на 17 меѓународни медиуми, софтверот „Pegasus“, кој го изработила израелската групација NSO, овозможувал шпионирање на мобилните телефони на најмалју 180 новинари, 600 политичари, 85 активисти за човекови права и 65 челници на компании.

Шпионскиот софтвер „Pegasus“, внесен во паметните телефони, ги следи пораките, фотографиите, контактите и дури ги прислушува разговорите на сопственицте на мобилните телефони.

Весникот Le Monde во вторникот откри информација дека броевите на мобилните телефони, меѓу кои и на поранешниот француски премиерт Едуар Филип и на 14 членови на владата, се наоѓаат на „списокот броеви кои ги избрале државните безбедносни служби на Мароко, кои го користата шпионскиот софтвер „Pegasus“, за потенцијално пиратство“.

„Ги најдовме овие броеви на телефони, но не можевме да спроведеме техничка проверка на телефонот на Емануел Макрон да видиме дали е затазен со тој софтвер, па не ни укажува дали претстедателот е навистина шпиониран“, појасни директорот на Forbidden Stories на информативниот канал LCI.

Ришар додаде дека „без разлика али претседателот бил шпиониран или не, за тоа имало интерес“.

„Доколку тоа биде потврдено, очигледно станува збор за тешки престапи. Откритијата на печатот ќе бидат целосно расветлени“, реагираше Елисејскиот дворец, пренесе AFP.

Израелската компанија NSO од поодамна е обвинувана дека работи за авторитарни режими, но таа тврди дека нејзината контроверзна софтверска програма е развиена единствено за следење на криминалците и терористите.

Новинарите кои ја истражувале оваа тема врз основа на листата на мрежата Forbidden Stories, чиешто седиште е во Франција, како и невладината организација Amnesty International, и опфатила 50.000 телефонски броеви кои NSO ги избрал од 2016 година поради потенцијално следење.