Франускиот министер за внатрешни работи, Жерар Колон (Коломб), поднел оставка, меѓутоа претседателот на Републиката, Емануел Макрон, одбил да ја прифати, инсистирајќи шефот на министерството да остане на должноста, објави во понеделникот вечерта електронското издание на весникот Le Figaro.
„Министерот за внатрешни работи Жерар Колон вечерта во понеделникот поднел оставка до претседателот на Републиката. ОВој не ја прифати“, пишува кусо весникот и коментира дека станува збор за „силен гест“ со кој шефот на државата ја обновил довербата во блискиот соработник.
Кон средината на септември, 72-годишнит министер, кој претходно 16 години со ред беше градоначалник на Лион, изјави дека „доколку не најдат кај него сериозни заболувања,“, тој „најверојатно“ одново ќе се кандидира за градоначалничката функција на изборите во 2020 година.
Колон, исто така, рече дека не сака да биде шеф на министерството „до крај“ и може да ја напушти должноста веќе следната 2019 година. Веднаш потоа започнаа шпекулациите кој би бил изборот на Макрон за неговото место.
Изјавата предизвика големи дискусии во јавноста, со шпекулации дека тој се чувствува принуден да поднесе оставка, како и тоа дека тој индиректно чувства можен удар од кампања против министерството во којашто тој самиот би бил цел.
Повлекувањето на Колон би претставувал нов удар за кабинетот на претседателот Макрон, по оставката на министерот за еколошка транзиција, Николас Уло, кој на крајот од август стана политичар кој ужива најголема доверба кај Французите.
На тоа во јули претходеше скандалот со веќе поранешниот соработник во неговата администрација, Александр Беналја која имаше голем одек во француското општество кога низа медиуми емитуваа видео снимка на којашто соработникот на претседателот Макрон во текот на манифестацијата на 1-ви мај на парискиот плоштад Контрескарп прво грубо се однесува со една девојка, а потоа неколкупати удира млад маж и брзо се оддалечува.
Сите овие потреси придонесоа популарноста на либералниот центрист Емануел Макрон да падна на крајот од август на најниското ниво од 34 отсто, откако во мај 2017 година ја презема должноста.