Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Лозана изјави дека тензијата на Косово сега е малку намалена и оти не се плаши дека таму повторно ќе избувнат конфликти.
Во разговор со студентите на Универзитетот во Лозана заедно со швајцарскиот претседател Ален Берсе, Макрон, говорејќи за тензиите во Косово, рекол дека „тие денеска малку паднале“, пренесе весникот „Трибјун де Женев“.
Тој изрази надеж дека лидерите на различните страни ќе продолжат по мапата која е утврдена.
Зборувајќи за можно обновување на конфликтот, тој рече: „Загрижен сум, но не се плашам од обновување на конфликтот во Косово“, рече тој.
Макрон нагласи дека сепак се плаши од етничките и верските конфликти кои се развиваат во другите делови на светот.