Макрон објави крај на западната хегемонија во светот

Ерата на западната доминација во светот се движи кон својот крај, како резултат на геополитичките промени, рече во вторникот францускиот претседател Емануел Макрон, говорејќи на годишната средба со француските амбасадори акредитирани во странство пред кои порача и дека Европа мора да ги преиспита своите сегашни односи со Русија.

„Го гледаме крајот на западната хегемонија во светот. Околностите се менуваат… Тоа, особено, е поради зајакнувањето на новите сили. Кина се издигна во првиот ред, а Русија остварува голем успех во својата стратегија“, истакна францускиот претседател Емануел Макрон.

Францускиот челник, исто така, истакна дека новиот светски поредок „доживува криза без преседан“. Светот, според Макрон, живее во ерата на „криза на пазарната економија“ и „огромните потреси во технилошки и еколошки аспект“. Посочи и на опасностите од ваквиот развој на настаните за Европа. „На евопската цивилизација ѝ е неопходна нова, визионерска стратегија“, смета Макрон.

Истакна дека Франција „не ја прилагодува својата политика на никого“ и оти „француската дипломатија е независна“. „Ни припаѓа да ја играме во светот ролјата на држава на рамнотежата“, смета Макрон. Во тој контекст повторно го стави акцентот на важноста од проширување на дијалогот и зајанувањето на односите со Русија. „Ние сме во Европа, и Русија е исто така“, додаде.

Макрон смета дека е важно постојани да се продолжува потрагата во рамнотежа во светот. Според своите пристапи, смета претседателот, Франција и Европа мора да демонстрираат „смелост, длабока слобода на дејствувањето“. „Ние сме единствените за коишто статичноста е фатална“, смета францускиот челник. „Другите може да имаат не повеќестрана туку еднострана или двострана стратегија, ние – не“, рече уште Макрон и ги повика дипломатите да „ги напуштата старите шеми во своето размислувања, поблиску да соработуваат со граѓанското општество“.

Макрон во продолжение порача и дека Франција треба добро да размисли, да ги преиспита и изгради нови односи со Русија, бидејќи да се „оттурне Русија далеку од Европа би претставувала голема грешка“.

„Европскиот континент никогаш нема да биде стабилен, ние никогаш нема да бидеме безбедни доколку не пријдеме кон помирни (односи) и не ги разјасниме односите со Русија“, рече францускиот претседател.

„Ние сме во Европа, доколку не изградиме нови односи со Русија, ќе останеме во тензии, во замрзнат конфликт и последиците од Студената војна. Мораме длабоко да ги преиспитаме нашите односи и одново да ги изградиме. Неопходно е секој ден да се преземаат чекори во оваа насока“, им порача Макрон на француските амбасадори.

„Знам дека многумина меѓу вас понекогаш мораа да се занимават со прашањњата во коишти вас сѐ ве наведуваше да сте недоверливи кон Русија, понекогаш и со причина, Таквиот однос, по падот на Берлинскиот ѕуд, го засновавте на недоверба. И тоа поради низа несогласувања. Ниту малку сум наивен кога сакам да ги променам таквите врски“, додаде Макрон.

„Потребно е партнерството со Русија за да изградиме нова архитектура на доверба и безбедност во Европа. Оддалечувањето на Русија од Европа би претставувало огромна стратешка грешка“, истакна.

„Ние сме во Европа и доколку не ги преземеме неопходните чекори ќе останеме во атмосфера на тензии, замрзнати конфликти, ќе имаме длабоки последици од Студената војна на наша почва. Во овој случај ќе продолжиме да живееме во Европа како театар за стратешката конфронстација меѓу САД и Русија… Заживувањето на европската цивилизација не може да се постигне без длабоко преиспитување на односите со Русија“, додаде Макрон.

Францускиот претседател потсети дека во 1990-те и 2000-те години беа „одбележани со меѓусебна недоверба“, и Европа за Русија претставуваше „еден вид тројански коњ на Западот“, а „тоа не им одговара на нашите интереси“, рече Макрон.

„Токму тоа му го кажав на претседателот Путин минатата седмица во Брегансон (летната резиденција на француските претседателои – з.р.), мораме да одиме напред чекор по чекор“, рече Макрон. Тој на 21-ви август оцени дека е „во ред Русија на крајот да се врати“ во Г7 за повторно да се добие форматот Г8. „Неопходен предуслов (за новиот прием на Русија во групата) е во договорот за Украина да се најде решение врз основа на договорот од Минск“, рече Макрон.

Во својот говор пред дипломатите во Елисејскиот дворец, Макрон истакна и дека се неопходни чекори за „зближување со Русија“, како и дека по средбата со Путин било решено да се формира работна група за да се разгледуваат прашањата поврзани со изградбата на „новата архитектура на доверба безбедност во Европа“.

Додаде дека на челниците на министерствата за надворешни работи и за одбрана на Франција во скоро време ќе отпатуваат на разговори во Русија. Според Макрон, „без наивност“ Франција ќе разговара со руската страна и за стратегијата за истражуваата во Веселената, и особено во сферата на кибернетичката безбедност.