Францускиот претседател Емануел Макрон побарал од премиерката Елизабет Борн да предложи нова „влада на акција“ којашто ќе биде именувана на почетокот од јули и којашто веројатно ќе вклучува личности кои не се членови на неговата партија, произлегува од интервјуто за агенцијата AFP.
Макрон, исто така, во интервјуто ја потврдил својата долгорочна доверба во Борн, објави во објавата на Twitter агенцијата France Press.
Францускиот претседател во вторникот ја одбил понудата на премиерката да поднесе оставка, по лошиот резултат на коалицијата предводена од неговата партија на парламентарните избори минатата седмица, на коишто Макрон го загуби апсолутното мнозинство.
Макрон, кој се најде под притисокот да бара компромиси со други политички групации, им се обрани на своите политички противници барајќи од нов да изнесат идеи за функционирање на силно фрагментираниот парламент.
Францускиот претседател, исто така, во интервјуто вели дека не се откажал од своите планирани пензиски реформи, за коишто вели дека подразбираат „подолго работење, како и кај сите наши соседи“.