Францускиот претседател Емануел Макрон повторно го контактирал телефонски бугарскиот претседател Румен Радев, нагласувајќи дека е подготвен да ги повика Бугарија и Македонија во Париз со понуда за решавање на спорот и да биде гарант на билатералниот договор, дознава 24 Часа. Договорот треба да се потпише во Париз.
Бугарскиот претседател останал на ставот дека прво треба да се исполнат бугарските услови за симнување на ветото за Македонија
И германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржува францускиот претседател за Бугарија и Македонија да потпишат нов договор, во кој јасно ќе бидат наведени условите за почеток на преговорите за приклучување на Скопје, пренесува 24 Часа.
Францускиот предлог доаѓа само два дена пред Софија по четврти пат во последните три месеци да пристигне еврокомесарот за проширување Оливер Верхеји. Тој повторно ќе разговара со Радев и бугарскиот премиер Кирил Петков на 9 јуни. Верхаи пред неполн месец беше во Софија и Скопје.