Макрон ѝ подари коњ на Елизабета Втора

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека неговата земја ќе и подари коњ на британската кралица Елизабета Втора за нејзините 70 години на тронот. Елисејската палата објави дека Макрон ќе ѝ подари на кралицата, позната како љубител на коњи, седумгодишно грло кое и припаѓа на Француската Републиканска гарда, кое ќе биде доставено денеска во замокот Виндзор.

На 8 мај, коњот учествуваше на парадата на Елисејските полиња, на церемонијата по повод годишнината од победата на сојузничките сили над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Макрон официјално ќе ѝ оддаде почит на кралицата утре на церемонијата во Триумфалната капија. Тој ќе положи венец на гробот на непознатиот херој во присуство на британската амбасадорка во Париз, Мене Ролингс, кога ќе се интонираат британската и француската химна, соопштија од Елисејската палата.
Од утре до недела Велика Британија и земјите од Комонвелтот слават 70 години на тронот на британската кралица Елизабета Втора, нејзиниот платинест јубилеј.

Елизабета, која тогаш имала 25 години, станала кралица на 6 февруари 1952 година, по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести. Нејзиното официјално крунисување беше на 2 јуни 1953 година во Вестминстерската опатија, но нејзиното владеење започна со смртта на нејзиниот татко.

Сега има 96 години, таа е британскиот монарх со најдолг стаж и прва што стигна до тронот во последните седум децении.