
Канцеларијата на францускиот обвинител соопшти оти кандидатот за претседател на Франција, Емануел Макрон денеска поднел тужба поради наводите објавени на социјалните мрежи дека има тајна сметка во странство.
Центристичкиот претседателски кандидат ги негира наводите, а во тужбата не посочува ничие име.
Лидерката на ултрадесницата, Марин ле Пен за време на синоќешната дебата ги изнесе наводите за непријавена офшор сметка на Макрон.
Тимот на Макрон претходно соопшти дека тој е жртва на „кампањата на сајбер дезинформирањето“.