Францускиот претседател Емануел Макрон го предложил генералниот директор на ИТ-корпорацијата „Atos“ и поранешен француски министер за економија и финансии Тиери Бретон на позицијата еврокомесар за внатрешниот пазар и одбранбената индустрија, наместо Сивли Гулард која не го мина сослушувањето во Европскиот парламент, пренесува во четвртокот агенцијата Reuters.
„Тој (Бретон) е човек од акција кој ги знае однатре проблемите во инсустријата, и со оглед на неговото разбирање на работите на европските институции, тој нема бирократски да им приоѓа на европските прашања, што е особено важно за претседателот (Макрон)“, цитира агенцијата висок француски функционер кој зборувал под услов да остане анонимен.
Тиери Бретон беше француски министер за финансии во периодот од 2005 до 2007 година, а предавал и на Харвардската бизнис школа.
На 30-ти септрември, европарламентарци ги отфрлија номинациите на Романија и Унгарија за места во новиот состав во Европската комисија поради сомневања за „судир на интереси“. Романката Рована Плумб претендирапе на позицијата европски комесар за транспор, а поранешниот унгарски министер за правда Ласло Трочањи беше номиниран за еврокомесар за проширување на ЕУ и соседска политика.
Подоцна на 10-ти октомрви, Европскиот парламент со истото образложение ја одби кандидатурата на Силви Гулард по второто сослушување. Гулард беше блиска соработничка на францускиот претседател Емануел Макрон, поради што францускиот печат пишуваше за „пораз“, „шлаканица“ и „студе туш“ за претседателот кој ја „плаќа својата ароганција“.
Поради тоа, стапувањето на новиот состав на Европската комисија под водство на Урсула фон дер Лејен беше одложено од 1-ви ноември за 1-ви декември. Во новата Комисија ќе има 27 еврокомесари, по еден од секоја земја членка на ЕУ, со исклучок на Велика Британија која се подготвува за напуштање на блокот, покрај челничката фон дер Лејен.