Макрон предлага проширување на иранскиот нуклеарен договор

Францускиот претседатл Емануел Макрон изјави во вторникот дека сака да работи на нов договор со Иран кој на преговарачката маса би ги довел и земјите од регионот.

Макрон, кој престојува во тридневна официјална посета на САД, рече дека не сака да се откаже од постојниот договор туку да „изгради ношто ново што ќе го вклучува сетон она што не’ загрижува“.

Додаде дека разговирите со американскиот претедател Доналд Трамп го навеле да веува дека се пружа можност за нова насока во врска со иранскиот договор, на чиешто ревидирање Трамп веќе долго инсистира.

„Сметам дека разговорите коишто ги водевме овозможуваат отворанње нов пат за договор“, рече Макрон додаваји дека би сакал во тоа да се вклучат „регионалните сили“ заедно со Русија и Турција.

Сегашниот договор може да се смета за „потпорен столб“, а треба да се додат уште три, рече Макрон на заедничката прес-конференција со Трамп. Другите би ги покриле иранските нуклеарни амбиции вон рамките од сегашниот договор, иранската програма за балистички ракети и поитички решение за сузбивање на активностите на Иран во Сирија, Либан и Јемен.

Според Макрон, поширокиот договор би се занимавал со „целата ситуација во регионо“ и би било единствен начин таму да се „донесе стабилност“. Исто така, би ги отстранил загриженоста и критиките на Трамп од посточекиот дооговор.

Во одговорот на предлогот на Макрон, Трамп рече дека би можел да се согласи на нов договор доколку тој биде доволно силен.