Францускиот претседател Емануел Макрон денеска кажа дека ЕУ можеби треба да еволуира кон унија со различни брзини, додека размислува како да ги интегрира Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан.
Тој реле дека ЕУ треба да се реформира ако сака да се прошири со нови земји и мора да изгради консензус меѓу повеќе од 30 земји.
„Ризик е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформа. Можам да посведочам дека доволно е тешко за Европа да напредува на чувствителните теми со 27 членки. Со 32 или 35 членки, нема да биде полесно“, кажа Макрон на годишниот собир на француските амбасадори во Париз.
„Потребна ни е храброст да прифатиме поголема интеграција во некои области и можеби дури и Европа со различни брзини“, додаде тој.
Макрон не објасни во детали како мисли дека ќе функционира Европа со различни брзини, но рече дека е потребен ремонт на процедурите на ЕУ за да се одржи нејзината привлечност.
Макрон најави и дека ќе ги каже своите ставови за проширувањето на ЕУ во наредните неколку месеци, пред изборите за европскиот парламент.
Денеска на форум во Блед, Словенија, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека ЕУ ќе биде подготвена на да прими нови членки до 2030 година.