Руската интервенција во Белорусија би била најлошата работа што може да се случи, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон.
„Секоја странска интервенција во Белорусија ќе доведе до интернационализација на прашањето, а руската интервенција би била најлоша“, рече тој откако рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност да ги испрати своите сили доколку се влоши ситуацијата во Белорусија.
Макронсоопштил дека тој и германската канцеларка Ангела Меркел не сакаат „ситуацијата во Украина“ да се повтори.
„Прифатете го посредувањето на ОБСЕ“
„Ние сме за тоа Русија да започне дијалог за Белорусија, помагајќи ни и убедувајќи го (белорускиот претседател Александар Лукашенко) да прифати посредување на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)“, додал францускиот претседател.
Во четвртокот, Путин изрази подготвеност да испрати полициски сили во Белорусија доколку се влоши состојбата со демонстрациите на граѓаните кои ги оспоруваат претседателските избори одржани на 9 август.
Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел во петокот ја повика Русија да се воздржи од интервенции во Белорусија и да го „почитува демократското право“ на луѓето во таа земја.