Францускиот претседател Емануел Макрон во средата ги повика ривалските партии од левицата и од десницата да му се придружат во формирањето сојуз против Националниот собир на Марин Ле Пен на претстојниот парламентарен избори.
Вусшнот Макрон посакува потворување на доследност кон таканаречениот „републикански фронт“, односно во блокирањето на гласачите на левицата и десниот центар на преземањето на власта од страна на крајната десница, што вусшност му донесе победа на претседателските избори и ја оневозможи крајната десница на Ле Пен да добие градоначланици на последните локални избори.
Во предизборниот говор само неколку дена по распишувањето на предвремените избори, Макрон призна дека направил грешки, додавајќи дека Французите го покажале своето незадоволство, но чувствувале дека не биле слушнати.
„Изборите ќе ги разјаснат работите, рече Макрон.
Ги повика „многубројните сонародници и политички лидери кои не се препознаваат во екстремистичката треска“ да „спроведат нов проект, владина коалиција, коалиција во служба на Французите и на Републиката“.
Во алузија на лидерот на конзервативната Републиканска партија, Макрон го осуди „политичкото тргување“ последните денови, велејќи дека „маските паднаа“ и некои партии сакаат да формираат „неприродни сојузи“.
Повикот на републиканскиот претседател Ерик Чиоти за предизборна коалиција со РН ја поларизираше неговата конзервативна партија.