Макрон ѝ се јавува на Брижит на секоj час и пол

Емануел и Брижит Макрон се запознале додека тој сè уште бил нејзин студент, а 24-годишната разлика никогаш не им пречела. Макрон го освои вториот мандат во претседателската фотелја откако ја победи Марин Ле Пен во вториот круг од изборите и стана првиот француски претседател кој освоил два последователни мандати.
За време на првиот мандат, 44-годишниот Макрон фасцинираше многумина со својата љубовна приказна, а целиот свет сакаше да ги слушне деталите за неговата љубовна врска со Брижит, која е постара 24 години.
Брижит е негова поранешна професорка, која оставила сопруг и три деца поради студент кој подоцна стана прв човек на Франција.
Интересно е што во моментот кога се запознале, Макрон слушал неколку курсеви со ќерката на Брижит и бил нејзин добар пријател. Токму поради тоа пријателство, многумина мислеа дека Емануел е во врска со нејзината ќерка, а не со Брижит. И покрај злите јазици и препреките на кои наидоа, Емануел и Брижит застанаа пред олтарот во 2007 година. Тој тогаш имаше 29 години, а таа 53.
Брижит еднаш рече дека Емануел не ја убедувал да се омажи и полека се движеле кон тоа, но таа не можела да биде посреќна. Иако немаат заеднички деца, Макрон истакна дека нејзините деца и внуци се и негово семејство. Тој често вели дека Брижит му е интелектуална партнерка и поддршка во се. Според него, важно е да е среќен на љубовен план, бидејќи на тој начин подобро ќе се води земјата.
Познато е и дека Макрон и неговата сопруга не прават ништо без другиот да го знае тоа. Се слушаат на телефон на секој час и пол, што го откри нивната пријателка и новинар Гаел Чакалоф, која минатата година објави книга за нивната љубовна приказна.
„Додека сме заедно, се ќе биде добро. Имавме навистина среќа што се запознавме. Малкумина можат да ја разберат нашата врска, но од првиот ден кликнавме и не се разделивме еден од друг до денес”, изјавила еднаш Брижит.