Францускиот претседател Емануел Макрон следниот понеделник, на 29 мај, ќе го прими рускиот преседател Владимир Путин во дворецот Версај близу Париз, по повод изложбата за посетата на рускиот цар Петар Велики на Франција во 1717 година, соопшто Елисејскиот дворец во понеделникот.
Ова ќе биде првата посета на рускиот претседател Владимир Путин на Париз, и тоа набрзо откако неговиот француски колега Емануел Макрон стапи на должноста.
Кремљ ја повтврди посетата во соопштение во коешто се истакнува дека претседателите ќе разговарат за „развојот на руско-француските односи во политичката, економската и трговска, како и во културната и хуманитарната област“. Се додава дека ќе бидат разменети мислења за актуелните меѓународни и регионални прашањата, особено за координацијата во борбата против тероризмот и решенија за кризите во Сирија и во Украина.
Путин на 8 мај му го честиташе изборот на Макрон и побара од него „да ги надвладеат меѓусебните недоверби и да ги обединат силите за да ја гаранираат меѓународната стабилност и безбедност“.
Двајцата челнции на 18 мај првпат телефонски разговараа по иницијатива на Путин и тогаш се договорија дека „заедно ќе работат на актуелните меѓународни и регионални прашања, вклучително и борбата против тероризмот“.
Рускиот амбасадор во Франција, Александар Орлов неодамна оцени дека најбитната тема која треба да се реши е Сирија, и додаде дека Макрон изгледа порешителен од неговиот социјалистички претходник Франсоа Оланд. „Очекуваме да докаже поголема автономија во носењето одлуки од Оланд“, оцени рускиот амабасадор во Париз.
Меѓу Париз и Москва траеше константен спор околу сирискиот судир во текот на петгодишниот мандат на поранешниот претседател Оланд, кој ѝ забележуваше на Русија за поддршката на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Изборниот тим на Макрон, покрај неговите изјави за интензивирање на соработката со Русија во одредени сфери, првенствено во безбедносната, отвоено искажуваше недоверба кон Москва, која ја обвинуваше дека преку социалните мрежи наводно работи во полза на неговиот најголем ривал, челничката на француската крајна десница Марин Лепен којашто има и крајно позитивно мислење за руското водство.