Макрон со тесна предност пред Лепен, но веројатно победува во вториот круг

Актуелниот француски претседател Емануел Макрон по обработените 85 отсто од гласачкиот материјал е во водство со 27,39 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори и во вториот круг на 24-ти април ќе се соочи со кандидатката на крајната десница Марин Лепен со 25,54 отсто од гласовите.

Од почетокот на пребројувањето на гласовите во водство постојано беше Лепен, но пресвртот дојде по пристигнувањето на резултатите од регионот на Париз, каде по пребројувањето на 50 отсто од избирачкиот мандат води Макрон со 30 отсто од гласовите, а Лепен е трета со 16,76 отсто од гласовите.

Вториот круг ќе биде реприза на изборите од 2017 година, кога победи Макрон благодарејќи на востпоставената практика на сите француски избори во вториот круг сите да се сојузуваат против кандидатите на крајната десница.

На изборите на кои се појавија двенаесет кандидати, не излегле меѓу 26 и 29 отсто од гласачите, според две процени. Во 2017 година на претседателските избори не излегоа 22,2 отсто од избирачите, а во 2002 година не се одѕвале рекордни 28,4 отсто гласачи.

Меѓутоа, анкетата на институтот Ifop за тоа како се определени да гласаат Французите во вториот круг за францускиот телевизиски канал TF1, покажува дека Макрон во вториот круг ќе освои 51 отсто од гласовите, што е во маргините на статистичката грешка.

Но истражувањата на јавното мнение на Ipsos и на Opinionway покажуваат дека Макрон во вториот круг ќе освои 54 отсто, а Лепен 46 отсто од гласовите.

Во 2017 година Макрон, исто така, се соочи во вториот круг со Лепен, и ја победи со 66,1 отсто од гласовите. Во прилог на Макрон одат и повиците на осум од десетте кандидати кои отпаднаа по првиот круг до своите избирачи да гласаат против Лепен.

Но Макрон е претпазлив и во неделата изјави дека изборите сѐ уште не се решени.

„Сѐ уште не е готово. Дебатата којашто ќе ја водиме во текот на 15-те дена, ќе биде решавачка за нашата земја и за Европа“, рече Макрон пред своите приврзаници.

Ја поздрави „јасноста во поглед на крајната десница“, додавајќи дека ќе „смисли нешто ново“ за да ги собере гласачите околу себе.

Макрон за вториот круг го поддржаа кандидатите на радикалната левица Жан-Лук Меланшон, кој во првиот круг беше трет со 20 отсто од гласовите, кандидатката на конзервативците Велери Пекрес и на социјалистите Ан Идалго, како и на Зелените Јаник Жадо, а тројцата заедно не освоија речиси 10 отсто од гласовите.

Лепен, пак, вети во неделата дека „ќе ја доведе во ред Франција во следните пет години“, и додаде дека во вториот круг ќе се соочат „две спротиставени визии за иднината“.

„Она што е во игра на 24-ти април ќе биде избори на општеството и избори на цивилизацијата. Кое место сакаме да им дадеме на луѓето наспроти моќта на парите зависи од вашиот глас“, порача 53-годишната политичарка.

Вети дека ќе го „обнови суверенитетот на Франција“ и ќе ги „намали општествените поделби“. Ќе осигури, додаде Лепен, „независност и можност обичните Французи да решаваат за себеси“.

Марин Лепен ги повика оние кои не гласале за Емануел Макрон да ѝ го дадат својот глас во вториот круг. Рече дека ќе биде претседателка на сите Французи, доколку биде избрана, истакнувајќи ја „важноста на француските вредности, контролата на имиграцијата и сигурноста за сите“.

Доколку биде избрана, Лепен би била првата жена на чело на Петтата Република и првиот политичар од крајната десница на политичкиот спектар.

Ја поддржаа јавно радикално десничарскиот кандидат Ерик Земур, кој беше четвртопласиран во првиот круг со над 7 отсто, и Николас Дупон-Ењан лидер на десната деголистичка партија Исправи се Франција, кој освои 2,10 отсто од гласовите.

Клучен момент во следните две седмици ќе биде традоционалното телевизиско соочување на двата кандидата кои влегуваат во вториот круг.

Пред пет години доминираше Макрон пред Лепен, но годинава ќерката на поранешниот лидер на крајната десница Жан-Мари Лепен, која прва ја воведе крајната десница во вториот круг од претседателските избори, се чини дека е подобро подготвена отколку во 2017-та.

Лепен ја водеше кампањата на теренот, фокусирана на намалената куповна моќ на Французите, што е најголемиот проблем на избирачите, додека Емануел Макрон беше преокупиран со војната во Украна и неговиот ангажман му овозможи да направи значителна разлика во анкетите, но доцна се појави во кампањата и не беше директно присутен меѓу гласачите.

Голем дел од гласачите, меѓутоа, се откажаа од одењето на избирачките места или до последниот момент беа нерешителни. Една од причините за нискиот одѕив е тоа што кампањата почна доцна, делумно поради пандемијата на коронавирусот но уште повеќе поради војната во Украина. Медиумите оценуваат ид ека постои чувство на сеопшта апатија, поради што многу гласачи во сите анкети рекле дека не биле импресионирани од ниеден од 12-те кандидати.