Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека е потребно „да се дефинираат јасни црвени линии кон Русија“ и дека е подготвен да воведе санкции во случај на „неприфатливо однесување“ на Москва.
-Мислам дека во случај на неприфатливо однесување мора да воведеме санкции. И мислам дека мора да дефинираме јасни црвени линии кон Русија, изјави Макрон за американската телевизија Си-Би-Ес на прашањето за можниот одговор на Западот во случај на руски напад на Украина.
Западот и Украина ја обвинуваат Русија дека донела десетици илјади војници на границата со Украина и Крим, кои ги припои во 2014 година, по што продолжија борбите во источна Украина.
Во четвртокот, американскиот претседател Џо Бајден најави воведување серија строги финансиски санкции против Русија и протерување 10 руски дипломати, истовремено повторувајќи го предлогот за самит со рускиот претседател Владимир Путин.