Maкрон упати порака до руските сили во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на повлекување на руските сили од нуклеарната централа Запорожје, јави дописникот на МИА. Тој денеска разговарал со украинскиот колега Володимир Зеленски.

Тој се плаши  за безбедноста на украинските нуклеарни инсталации.

„Светот ќе загуби од тероризмот и ќе подлегне на нуклеарната уцена доколку ништо не се преземе за да се спречи несреќата во нуклеарната централа Запорожје“, изјави  Зеленски.

Русија ја презеде нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна постројка во Европа, набргу откако ја нападна Украина во февруари.