Актуелниот француски претседател Емануел Макрон во неделата во првиот круг од претседателските избори, според првичните процени, престигнувајќи ја за неколку процентни поени челничката на крајната десница Марин Лепен со којашто ќе се соочи во вториот круг на 24-ти април.
Тоа ќе биде реприза на изборите од 2017 година, кога победи Макрон благодарејќи на востпоставената практика на сите француски избори во вториот круг сите да се сојузуваат против кандидатите на крајната десница.
Сепак, аналитичарите предупредуваат дека можни се изненадувања, а се смета дека клучно во кампањата за вториот круг ќе биде традиционалното телевизиско соочување на двата кандидата закажана со 20-ти април.
Според процените на три социолишки института, Макрон води со меѓу 28,6 и 29,7 отсто од гласовите, по предизвборната кампања којашто беше под силно влијание на пандемијата на Covid-19 и војната во Украина.
На второто место е Лепен со меѓу 23,5 и 24,7 отсто од гласовите, според процените на институтите Opinionway, Ifop иHarris. Трет е, пак, кандидатот на крајната левица Жан-Лук Меланшон кој освоил меѓу 19,8 и 20,5 отсто од гласовите. Најголемо разочарување претставува кандидатката на најголемата опозициска партија десната конзервативна партија Републиканци, Валери Пекрес, којашто според процените добила само 5 отсто од гласовите.
На изборите не излегле меѓу 26,2 и 29,1 отсто од гласачите, според две процени. Во 2017 година на претседателските избори не излегоаа 22,2 отсто од избирачите, додека во 2002 година воздржани биле рекордните 28,4 отсто од Французите со право на глас.