Макс Верстапен има пол позиција за трката за ГН на Франција

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ја освои пол-позицијата на квалификациите за трката за Големата награда на Франција. Актуелниот шампион Луис Хамилтон ќе стартува од втората позиција, додека трет беше неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас.

Во Ред Бул можат да бидат задоволни и од пласманот на Серхио Перез, победникот на последната трка во Азербејџан, кој квалификациите ги заврши на четвртото место.

Возачот на Ферари, Карлос Саинц ја зазеде петтата позиција, додека Пјер Гасли од тимот на Алфа Таури беше шести во квалификациите.

Најдобрите десет ги комплетираа Шарл Леклерк, Ландо Норис, Фернандо Алонсо и Даниел Рикардо.