Максимум може да се направат по 3.000 пасоши дневно, вели Тошковски, до Нова година ќе завршиме

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител рече дека дневно може да се изработат само по 3.000 нови пасоши, но во оптимизирани услови.

„Имаме две машини со дневен капацитет., кој се надевам дека ќе го оптимизираме, за околу 3.000 пасоши дневно. Но најважно е да не го изгубиме континуитетот, динамиката во испораката на обрасците. Ако има печатење на пасоши од тип Б со други јазици, ќе биде под 2.800, така е побавно“, рече меѓудругото Тошковски.

Неговите математички прогнози кажуваат дека пасошите ќе се обноват до Нова година доколку се биде во ред со машините и испораката на обрасците.

„До Нова Година ќе може да се стаса, имаме отприлика околу 10 месеци, но само ако се зголеми капацитетот, барем минимално, и ако ги имаме обрасците – ќе може да ги обновиме оние пасоши 650.000 со старото име

Уште една машина не може да се обезбеди, затоа што сега се избори, а таа постапка трае долго врме. Ако работиме 25 дена во месец, по 3.000 на ден, тоа е 75.000 месечно. Со оваа бројка ќе може да се обноват“, рече Тошковски.

Техничкиот министер рече дека денеска добил допис од Брисел дека ЕУ нема да прави проблеми доколку македонските граѓани би требало да патуваат со македонски пасоши со староито уставно име и ги повика пратениците во Собранието да го изменат законот за патни исправи.

„Денеска добив написмено информација каде комитетот за патни исправи на Европската комисија одржал состанок, ми беше најавено од белгискиот амбасадор. Ќе имаат разбирање за проблемот и ќе бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани. Нашите граѓани кои се надвор од Македонија,70.000 се со старото име во Германија, тоа го имаат Германците како податоци, ние го немаме. Тие без проблем ќе може да отидат во Унгарија и Чешка, ама нема да можат да излезат од Македонија ако дојдат дома. Европскиот комитет дава мислење до земјите да имаат разбирање. А ние што правиме – Само Макеоднија, освен Грција, ќе крши основно човеково право на слобода и движење, заради тоа што пратениците од владеачката структура – од СДСМ и ДУИ, не сакаат да стиснат едно копче“, рече тој.