Мал писмен придонес до ЦО на СДСМ
Заев: Пораките од граѓаните се јасни, арогантните, недостапните и неуспешните ќе заминат од функциите.
Граѓаните: Не се тие нашите пораки.
Отсуството на правна држава, корупцијата, непотизмот, пазарењата, непочитувањето на законите, претоварената администрација, лошите кадровски политики, криминалот, немањето реформски капацитет, нерасчистувањето со Скопје 2014, загадениот воздух, неефикасноста на јавните сервиси, лошото образование, бројчаникот, отсуството на културни политики, несправувањето со криминалот од минатото и истите практики како претходната власт, се причините заради кои не и се верува на оваа власт. Објави на својот Фејсбук профил, Софија Куновска од СДСМ.