Мал украински брод разнесен на устието на Дунав, мините блокираат 70 странски бродови

Малиот брод „Шлјахович“ на украинската Државна хидрографска служба бил разнесен од плутачка мина во четвртокот на устието на Дунав, изјави во петокот вечерта во редовниот дневен брифинг шефот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, генерал-полковникот Михаил Мизинцев и додаде дека во шест украински црноморски пристаништа поради мините се блокирани 70 бродови од 16 држави.

„На 28-ми јули, при мерење на длабочината пловниот пат на устието на реката Дунав, на украинска плутачка мина се разнесе малиот географски брод ‘Шлјахович’“, изјави Мизинцев.

Додавајќи дека опасната од гранатирањата и мините кои се поставени од украинската војска ги оневозможува бродовите слободно да минат на отворено море.

„Во шест пристаништа: Херсон, Николаев, Черноморск, Пчаков, Одеса и Јужни, 70 странски бродови од 16 земји уште се блокирани“, прецизираше рускиот офицер.

Според Мизинцев, властите во Киев продолжуваат да ги избегнуваат разговорите со странските држави и компаниите во чија сопственост се тие бродови за надминување на прашањето за осигурување безбеден излез на блокираните бродови во областите на формирање конвои за пловење по безбедносните коридори кои означи руската страна.

„Истовремено, и натаму постои опасноста за навигацијата и оштетување на пристанишната инфраструктура од налетот на украинските мини кои се откачиле од нивните котви по должината на крајбрежјата на црноморските држави“, истакна Мизинцев.

Според него, Русија презема цела низа мерки за да ја осигура безбедноста на цивилната пловидба во водите на Црното и на Азовското Море.