Фудбалерите на Малага го изненадија Реал Сосеидад на неговиот терен во Сан Себастијан совладувајќи го со 2:0, со што ја постигнаа првата победа на гости во оваа сезона во шпанското првенство.
Малага поведе во 23 минута од пенал кој прецизно го изведе Борха Бастон. Истиот играч во 58 минута имаше можност повторно да постигне гол од белата точка, но голманот на домашните Херонимо Рауљи го одбрани неговиот удар. Но на одбиената топка меѓу двајца домашни одбранбени фудбалери втрча Уругваецот Кори Кастро и ја спроведе топката во мрежата.
Малага со оваа победа и со 11 бодови се тргна од последното место на табелата кое му го пропушти на Лас Палмас кој има бод помалку, Реал Сосиедад со 19 бодови остана на 9-то место.
Во водство е Барселона со 36 бодови и натпревар помалку, втора е Валенсија со 33, а трет е актуелниот првак Реал Мадрид со 31 бод.
Во неделата на распоред се уште три натпревара: во 16,15 часот играат Бетис и Атлетикио Мадрид, потоа во 18,30 часот Леванте и Атлетик Билбао, а во 20,45 часот Виљареал ја пречекува Барселона.