Воспаление на срцевиот мускул поради бронхопневмонија предизвикана од вирус била причина за смртта на малата Јана во битолската болница. Ова го покажувале анализите на судска медицина кои веќе се доставени до битолското обвинителство, а ги видел правниот застапник на семејството Христовски.
Токму поради ова адвокатот денеска доставил барање до ОЈО Битола да биде извршено вештачење на компјутерот во болницата.
Ваквиот исход од анализите според кои не е утврдено лекарска грешка бил очекуван и за семејството Христовски кои ќе бараат и странска експертиза.
Обвинителството се уште го истражува случајот со смртта на малата Јана која почина само неколку часа по приемот во Битолската болница.