Малата Данка е убиена, уапсени се две лица кои го признале злосторството

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на вонредната седница на Владата, што почна денеска во 10 часот во Палатата Србија, изјави дека полицијата уапсила две лица кои го извршиле убиството на малата Данка, пишуваат српските медиуми.

– Имаме лоши вести за ова наше дете, полицијата уапси две лица кои ја убија малата Данка и тие го признаа ова злосторство. А сега ги носат на местото на убиството… Со какви чудовишта си имаме работа – изјави српскиот претседател Александар Вучиќ видно вознемирен откако му беше предадена папката од министерот за внатрешни работи.

Малата Данка исчезна пред 10 дена.