Самоил Малчески во вечерашното гостување на „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека добил информации од членови на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дека исклучените Митко Јанчев, Сашо Мијалков, Никола Тодоров и останатите сакале да направат пуч во партијата.
Според Малчески и неговите информации, исклучените сопартијци сакале насилно да ја преземат партијата, но актуелното раководство ги пресретнало нивните обиди и тоа го спречило.
„Кога зборуваме за исклучувањата – прво, станува збор за „седумте јавачи на апокалипсата“ кои му свртеа грб на членството. Второ, исклучувањето на другите членови е последица на она што се случувало дента во хотелот „Мериот“. Спречен е партиски пуч од Тодоров, Мијалков, Јанчев“, рече Малчески.
За осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, моишто минатиот петок гласаа за уставните промени, за разлика одостатокот од претеничката група, Малчески рече дека тие мандатите ги добиле според партиска програма и со она што го направија во петокот, не го изневериле раководството, туку граѓаните кои гласале за таа програма.
„ВМРО-ДПМНЕ мора се уште да расчистува со некои стари структури кои имаа некакви лични имовини во партијата. Мислам дека Груевски треба да се држи на страна од партиските превирања“, смета Малчески.