Малчевски се бламира, тој има нула трудови на Web of science

По објавувањето во медиумите дека професорот на охридскиот факултет, Ристо Малчевски, дека нема ниеден труд со импакт фактор, тој во јавноста се огласи дека тоа не е точно. Имено тој наведе дека досега има издадено неколку трудови.

„Од некои медиуми во текот на денешниот ден беа пласирани лаги во врска со моето име и базата Web of science. Со оглед дека јас не сум преплатен на таа база, морав да замолам еден мој колега да се обиде да најде барем еден труд со кој ќе ги демантирам лагите и клеветите. Моето молба до мојот колега да најде само еден труд и да прекине да бара се должи на фактот дека базата е преголема, а јас како што веќе напоменав имам преку 170 книги и трудови и не сакав да му одземам неколку дена на мојот колега за да ги пребарува сите нив. Што се однесува до базите на трудови за математика во светот постојат порелевантни бази од Web of science, и тоа го знае секој кој има минимално ниво на научна писменост. Во прилог на овој мој мејл ви испраќам доказ дека сепак моето име се наоѓа во базата на Web of science“, вели професорот Малчевски во својот демант.

Screenshot_6

Она што посочува Малчевски е зборник од конференција, која не подлежи на уредна рецензија како што подлежат научните трудови во реномирани списанија со импакт фактор, туку е спонзорирано најчесто од некој издавач/

Не станува зобр за достапно списание, ниту пак станува збор за научен труд со импакт фактор.

Дополнителен блам на професорот е тоа што во документот јасно се гледа дека ова илагање на конференција, не е ниту цитирано ниту еден единствен пат, ниту пак некој професор во светот не се повикал на релевантноста и важноста на ова излагање.