Малдиви им забранија влез на Израелците во земјата

Малдиви денеска соопштија дека им забраниле на израелските државјани да влезат во јужноазиската земја, јави индискиот медиум Вион. Министерот за внатрешна безбедност и технологија на Малдиви, Али Ихусан, рече дека претседателот Мохамед Муизу донел одлука на состанокот на владата да им забрани на луѓето со израелски пасоши да влезат во земјата.

Овој потег уследи откако Муизу ангажираше специјален пратеник за да ги слушне палестинските барања од Малдиви за војната во Газа.

Министерството за надворешни работи на Израел денеска ги советуваше израелските граѓани да не патуваат на Малдиви, откако владата на земјата забрани влез за лица со израелски пасоши.

Израелското министерство соопшти дека препораката вклучува и Израелци со двојно државјанство.

Министерството нагласи дека најдобро е израелските граѓани кои веќе се на Малдиви да размислуваат да ја напуштат земјата, бидејќи, како што се наведува, доколку се најдат во неволја, Израел тешко дека ќе може да им помогне во тој случај.