Професорот Денко Малески, кој е и првиот министер за надворешни работи на Република Македонија, во колумна за Плусинфо пишува дека има само две држави на Балканот кои не можат да се повикаат на средновековно историско наследство, туку се современи, модерни држави, а тоа се Словенија и Македонија.
„Дека македонска нација и македонски јазик постојат и, не само што никој не треба да ги негира тие факти, туку треба да се однесува кон нив со должна почит. Дека, како сојузници во големата антифашистичка борба во Втората светска војна, заедно со другите југословенски народи, не врзуваат трајни и нерсакинливи врски. Но, и дека има само две држави на Балканот кои не можат да се повикаат на средновековно историско наследство, туку се современи, модерни држави: Словенија и Македонија. Ќе ја објаснат и пан-бугарската идеја и како геополитиката го забрзала процесот на создавање на македонската нација од средината на деветнаесттиот век, а особено во триесеттите и четириесеттите на дваесеттиот век.
Што се однесува до Кирил и Методиј, ќе ни објаснат прво дека секаде во Европа,писменоста и христијанството се ширеле од вибрантните градови, какви што биле Венеција, Дубровник или Солун, центрите на економијата и на културата, кон внатрешноста. Така и Македонците и Бугарите ќе разберат дека светите браќа, всушност биле пред се визнтиски службеници а не Македонци или Бугари“, пишува Малески.
Неговта колумна е преземена од бугарската агенција БГНЕС, и е насловена „Денко Малески: Македонија нема средновековно наследство, геополитиката ја создаде македонската нација“.
За потсетување, премиерот Зоран Заев за БГНЕС даде контроверзно интервју во кое Бугарите ги нарече администратори во Македонија за време на Втората светска војна, кои ги ослободиле Кумановo и Крива Паланка.