Војската на Малезија верува дека преку радар денеска му влегла во трага на исчезнатиот авион „Боинг 777-200“ над Малакскиот проток, соопшти воен извор.
Според нив, авионот не е подалеку од местото каде за последен пат пилотот стапил во контакт со аеродромските контролори пред четири дена.
„Авионот го смени курсот по Кота Бар и се спушти на помала височина. Успеа да влезе во Малакскиот проток“, истакна малезиски воен претставник, кој е задолжен за информирање во врска со истрагата.
Малакскиот проток е еден од најфрекфентните пловни канали во светот, кој се протега покрај западниот брег на Малезија и ги поврзува Андаманското Море и Индискиот Океан на запад и Јужнокинеското Море и Тихиот Океан на исток.
Авиокомпанијата „Малезијан Ерлајнс“ во саботата соопшти дека авионот, во кој се наоѓале 239 патници и членови на екипажот, еден час по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг последниот контакт со контролорите на летот го остварил кај источниот малезиски град Кота Бар.