Привремената влада на Мали во неделата соопшти дека шефот на одделот за човекови права на мировната мисија на Обединетите нации има рок од 48 часа да ја напушти земјата откако беше прогласен за персона нон грата.
Во соопштението се вели дека одлуката за протерување на Гијом Нгеф-Атондоко Андали е поврзана со неговиот наводен пристрасен избор на сведоци на граѓанското општество за брифинзите на Советот за безбедност на ОН за Мали, од кои последниот се одржа на 27-ми јануари.
Мисијата на ОН во Мали (MINUSMA), не одговорила веднаш на барањето на агенцијата Reuters за коментар. Андали не бил достапен за контакт за коментар.
Властите на Мали се под притисок поради наводните прекршувања на човековите права и злоупотреби кои наводно ги извршиле вооружените сили во партнерство со руската приватна воена компанија „Вагнер“ во Мали.
На 31-ви јануари експертите на ОН повикаа на независна истрага за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Мали, во очиледна кампања во која цел е руската приватна војска особено по нејзините договори со повеќе влади во Африка со што го истисна прусиството на западните војски од континентот.
Владата на Мали, која ја презеде власта со воен удар во 2021 година, во саботата објави соопштение во кое отфрли некои од наводите на ОН и ја нагласи посветеноста на владата за почитување на човековите права во согласност со меѓународното и националното право.