Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи најмногу за децата без родители и за продолжување со нормален живот по излегувањето од домовите, рече Крсте Малјановски кој во петокот учествуваше на панел дискусијата под мотото „Единствени кои спроведуваат социјална политика и се грижат за граѓаните“.
Малјановски рече дека од 1995 година до 2000-та бил директор на установа која згрижувала деца без родители, и оти тогаш условите за разлика од сега биле многу полоши.
„Еден од најтешките моменти во мојот живот беше кога ќе наполнеа 18 години и кога ќе требаше да го потпишам решението за нивно напуштање. Излегуваа бувкално на улица, без никакви средства. Можеби со завршено некакво средно училиште, деца со можеби и мал хендикеп. Меѓутоа, потписот на решение за напуштање беше навистина тежок момент. Децата беа згрижувани до 18 години и после на некој начин се обидувавме да најдеме работа со приватни релации, со приватни врски, меѓутоа одеше многу тешко“, појасни Малјановски.
Ја спомена и помошта која државата ја дала на децата од домовите за деца без родители, околу наоѓањето покрив над глава по нивното излегувње од домовите.
„Со помош на Владата на Република Македонија ние изградивме два станбени објекта, каде што преку конкурси на овие деца им беа доделени станови за користење. Тие се наоѓаат во Ѓорче Петров, каде има повеќе од 100 станови. Паралелно со тоа одеше процесот на нивна доедукација и уште еден процес, тоа беше нивното вработување. Повеќето од децата добија станови, кои беа меѓу 35 и 45 квадрати, дел од нив имаа формирано и семејство. Многу полесно беше да ги убедиме да завршат образование. Многу направивме да им помогнеме како држава. Единствени бевме во светот каде вакви проекти паралелно течеа“, рече Малјановски.
Кажа дека со проектот биле вработени многу деца без родители и почнале да функционираат како што е исправно.
„По навршување на 18 години, на овие деца решивме да им доделиме еднократна парична помош од 3.000 евра, со кои би можеле да се снајдат во понатамошниот живот“, посочи Малјановски.
Зборуваше и за давањето на паричната помош која се даваше на згрижувачките семејства, што е најблиску до фунционирањето на едно природно семејство. Пари кои на почетокот биле мали, но потоа растеле цело време.