Полицијата трага по малолетничка која вчера избегала од Клиниката за детски болести со своето, но и со друго дете, информираше МВР.
Според полицијата, вчера во 20.45 часот Р.З.(41) од Скопје пријавила дека го украле нејзиното малолетно дете од Клиниката. Тоа се случило околу 13.30 часот додека не била присутна во Клиниката каде престојувала со детето. Во моментот кога се вратила во клиниката забележала дека нејзиното дете го нема.
Истата се упатила кон вработените кои и кажале дека 17 годишна мајка, која лежела на клиниката со нејзиното дете и истата не била осигурана, избегала од клиниката за да не ги плати трошоците. При тоа таа го зела и детето на Р.З., на која по кратко време и се јавиле домашните да и кажат дека малолетничката дома и го донела нејзиното дете.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за Детски болести настанал инцидент кога Р.З од Скопје пријавила кај перосоналот дека детето со кое престојувала на Клиниката не било во собата во која ја примало терапијата. Случајот веднаш беше пријавен во МВР од страна на вработените по што е констатирано дека детето било земено и вратено дома од страна нејзината малолетна ќерка. За кратко време детето е вратено повторно на клиниката, е во добра состојба и ја прима потребната терапија.Клиниката покрај МВР ја контактираше и Службата за социјални работи да го разгледа целиот случај, велат од Клиниката.