Една година малолетничка од Македонија била држена затворена во стан во Марибор, Словенија каде цело семејство ја малтертирало физички и психички, ја изгладнувале и злоупотребувале, се’ додека не успеала да избегаа.
Словенечката полиција објави дека поднела кривични пријави против 25-годишено момче, неговата 44-годишна мајка и 50-годишен татко, сите државјани на Словенија, поради трговија со луѓе. Полицијата во Марибор, како што пишува словенечкиот весник „Дело“, открила дека ова семејство во април лани ја купиле малолетничката од Македонија од нејзиниотот татко за 6.000 евра со намера да ја мажат за синот.
Според полицијата, Словенците ги убедиле родителите на девојката дека ќе ја однесат во нивната земја и ќе ја омажат за синот и дека таа ќе биде среќна и ќе има убав живот.
Но, хоророт за девојката почнал веднаш откако пристигнале во Словенија и се сместиле во стан во Марибор. И’ го одзеле пасошот, а контаткот со други луѓе и’ бил ограничен, и онаа мала комуникација што ја имала со некои роднини била следена и набљудувана.
Девојката, пишува „Дело“, постојано била под надзор на некој член на монструзното семејство, малтретирана, навредувана, нејзиниот сопруг постојано ја тепал бидејќи наводно била неверна и непослушна.
И ја ограничувале и храната и водата
Таа била задолжена да се грижи за седумчленото семејство на нејзиниот сопруг, а при тоа не и’ било дозволувано да се храни, да спие, да се одмара, немала греење, здравствена заштита кога била болна. Покрај тоа била принудена да работи на нива, тешки физички работи во изградба на куќи и на лозја.
На крајот на јануари, девојката успеала да избега и да побара помош од полицијата во Марибор. Веднаш била сместена во Кризниот центар на Каритас во Љубљана.
На 10-ти февруари полицијата ги уапсила тројцата осомничени.