Малoлетничка пронајдена а тинејџерка пријавена за исчезната во Скопје

Скопската полиција ја пронашла малолетничката која претходно била пријавена за исчезната, но истовремно примила пријава за исчезнување на тинејџерка, веројатно со здравствени проблеми, информираше во понеделникот Министерството за внатрешни работи.

Во неделата во 16:45 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека од Државен училишен центар за образование и рехабилитација на подрачје на Гази Баба се одалечила 19 годишната Х.С. од Скопје.

Таа, според пријавата, имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Речиси истовремено на улицата „Андреја Петковиќ“ во Скопје, полициски службеници од Потраги при Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево ја пронашле М.П. на 17 години. Таа ден претходно била пријавена дека се оддалечила од дома.