Во Полициската станица Кочани вчера попладне било пријавено дека на ул.„Страшо Ербапче“ непознато патничко возило удрило во малолетен пешак од Кочани и го напушило местото на несреќата.
-Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани, информира МВР.
Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кочани и се работи на расчистување на случајот.