На 08.04.2024 во 18.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Мешеишта, Општина Дебрца, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Р.(59) од струшкото село Долно Татеши, излетало од патот.
Притоа, малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.