Како што соопшти МВР, каменувањето се случило во 15.10 часот на дел од пругата помеѓу железничките станици Драчево и Лисиче.
Од каменувањето биле искршени две неподвижни прозорски стакла, сопственост на Македонски железници, но притоа немало повредени патници.
Возот го продолжил патувањето до Железничката станица-Скопје, а полицијата презема мерки за целосно расчитување на случајот.