Малолетници нападнати во „56“ на ЈСП

Малолетник од скопското село Арнакија вчера пријавил во полиција дека околу 19.30 часот додека со другари се возел во автобус на ЈСП бр.56 кој сообраќал на линија од Транспортен центар до сселото Бојане, бил физички нападнат.

Нападот се случил во близина на автобуската постојка во Влае, а малолетниците, според пријавата, биле физички нападнати од неколку лица од селото Грчец кои му нанеле телесни повреди.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.