Двајца малолетници се тешк оповредени во сообраќајна несреќа којашто се случила во неделата попладнето на локалниот пат кај селото Челопеци, крај Кичево.
Автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 73-годишниот М.Ѓ. од Кичево, удрил во двајца пешаци малолетници од селотоЧелопеци.
По незгодата, тие биле пренесени во Медицински центар Кичево, при што кај едниот биле констатирани телесни повреди, а кај другиот тешки телесни повреди, посочуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.