
Вистински хорор доживеале две момчиња на дванаесет и четиринаесет години. Вчера околу 19.40 часот во Скопје на ул. „Кеј 13-ти Ноември“, кај мостот „Гоце Делчев“, четири непознати сторители извршиле разбојништво над двете момчиња.
Сторителите им одзеле мобилен телефон и 180 денари со што се стекнале со противправна имотна корист од 14.000 денари.
Додека момчињата се шетале по кејот покрај реката „Вардар“ од зад грб им пришле сторителите и со употреба закана со нож им побарале да извадат се од џебовите.
После настанот сторителите го напуштиле местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителит и за целосно расчистување на случајот.