![soobrakajna nesrekja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/soobrakajna-nesrekja.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Ноќта во саботата лекарска помош во здравствениот дом во Пробиштип побарале неколку малолетници, за кои е утврдено дека се повредени во сообраќајна несреќа којашто се случила претходно ноќта, по која возачот избегал од местото на настанот.
На 14.01.2022 во 23.00 часот било пријавено дека на патот Пробиштип – село Ратавица, на место викано „Коритница“, патничко возило „нисан кашкаи“, со кочански регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот А.А.(21) од кочанското село Ратавица, кочанско, излетало надвор од коловозот, по што го напуштило местото на несреќата.
На 15.01.2022 во 03.30 часот во Здравствениот дом „Нада Михајлова“ на лекарски преглед се јавиле двајца малолетни сопатници од возилото, при што им биле констатирани телесни повреди, а околу 19.45 часот дошол уште еден малолетен сопатник од возилото, на кој му била констатирана тешка телесна повреда.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.