
На 03.11.2019 во времето од 00,30 до 03,30 часот била извршена акциска контрола во пет угостителски објекти во Гостивар за откривање на малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време и кои конзумираат алкохол.
Во контролата откриени се 13 малолетници. Исто така во акциската контрола биле приведени А.Ш.(26) и О.П.(27) од Р.Албанија и С.С.(25), М.Ј.(29) и А.Ф.(25) од Р.Србија поради нерегулиран престој во РСМ.