Малолетници растурале фалсификувани банкноти во Делчево

Делчевската полиција извршила неколку претреси во домови на малолетници, при што се запленети испечатени банкноти, мобилни телекфони и други предмети, откако во средата добила пријава за можно растирање на фалсификувани пари, соопшти во петокот Министерството за внатрешни работи.

Продавачка во локална продавница пријавила дека во дуќанот влегло машко лице и побарало една кутија цигари, но бидејќи немал денари, платил со банкнота од 50 евра. Подоцна таа се посомневала дека банкнотата е фалсификувана и случајот го пријавила во полициска станица.

Од страна на ОВР Берово, по овластување на Обвинитеслтвото во Кочани, е извршен увид во продавницата и извршени се оперативни проверки, од кои е дојдено до сознание дека можен сторител е малолетник (17 годишен) од Делчево, а биле инволвирани и други лица.

Во четвртокот полициски службеници од ОВР Делчево извршиле претрес на три локации во Делчево и извршен е разговор со четири лица. Претрес е извршен кај 19 годишниот С.М. и во домови на двајца малолетници, на 17 и на 16-годишна возраст, од Делчево.

Од извршените претреси одземени се лаптоп, три мобилни телефона и испечатани разни банкноти. Потоа во полициска станица извршен е разговор со уште еден 16-годипшен малолетник од Делчево. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.